Страотен пад на актуелниот светски првак Шпанија на премиерниот меч во Бразил. Вицепрвакот Холандија, не еднаш туку пет пати им врати за поразот во финалето во 2010 година. Ниту најголемите навивачи на Холандија не очекуваа ваков расплет на настаните. Холандија преводена од ВанРобен уште по првиот меч ја истакна кандидатурата за висок пласман. По изданието за заборав на ЕП2012 повторно за “лалињата“ се зборува со восхит.

Светските прваци ќе имаат сериозен испит за да ја поминат групата откако Чиле убедливо и високо со 3-1 ја совлада Австралија, јасно ставајќи до знаење дека воопшто не планираат да играат епизодна улога на Бразилскиот Мундијал. Видал, Санчез и друштвото сакаат што подолго да останат во Бразил.

По триумфот над “одам не одам, играм не играм“ репрезентацијата на Камерун со 1-0, Мексико направи чекор напред кон пласман во елиминациите. Мечот остана обележан по уште еден лош ден на судиите на шампионатот. Мексико во втората рунда игра со Бразил, па во одлучувачкиот трет круг ќе вкрсти со Хрватска во меч кој директно одлучува кој ќе се пакува, а кој ќе остане во Бразил.

М.П.