Пицерија од синџирот “Пица Хат“ во Ирска нуди бесплатна пица секогаш кога Франција ќе прими гол на Светското првенство во Јужна Африка. По контраверзната елиминација на Ирска од “триколорите“ во квалификациите за СП, ирците одлучија да ги честат своите „Фејсбук“ фанови со бесплатна пица, секој пат кога француската
репрезентација ќе прими гол.


Акцијата сепак е ограничена на 350 бесплатни пици за гол, објавија француските медиуми, порачувајќи му на францускиот голман Иго Лорис да даде се од себе, за „Пица Хат“ во Ирска да не дојде во ситуација да банкротира.

Ohridnews