Првиот меѓусебен дуел селекциите на Словенија и Алжир ќе го имаат на Светското првенство. Алжир на светската сцена се враќа по пауза од 24 години, додека Словенија беше дел од СП 2002 година, кога не` импресионираше  во трите натпревари претпреа исто толку порази.


–    Нашата цел е во што подобар начин да го презентираме Алжирскиот и Африканскиот фудбал. Нема што да загубиме, напротив може само да добиеме. Ќе дадеме се од себе на сите мечеви и на крајот на групната фаза ќе видиме што сме постигнале и што сме научиле – истакна тренерот на Алжир, Рабан Садан.

Двата тима се со изедначен квалитет и се очекува интересен натпревар кој треба да ја даде насоката како ќе се одвиваат работите во Ц групата.

–    Фокусирани сме престојните мечеви од Мундијалот, на кој ќе покажеме дека знаеме да играме допадлив фудбал. Ние се уште не сме го кажале последниот збор – смета напаѓачот на Словенија, Златко Дедич.

СП Група Ц : Англија ја повторува ` 66

Ohridnews