Македонската ракометна репрезентација чекори под зацртаните цели на Мундијалот во Франција победувајќи во двата воведни мечеви против Тунис и Ангола, а селекцијата на Словенија ќе биде вистински тест за силата и квалитетот на четата од Лино Червар.
„Змајчеките“ предводени од харизматичниот стратег Веселин Вујовиќ на клупата исто така имаат скор од две победи по два мечеви и без пораз ќе ги одмерат силите со Македонија.
– После двете победи ќе се намали притисокот на нашите плеќи, но желбата ќе се зголеми. Не треба да се натрчуваме со нив, туку треба да играме со срце и да размислуваме со ладни глави цело време во текот на мечот. – изјави Червар пред мечот со Словенија.
Очекувано, Вујовиќ со голем респект влегува во дуелот со Македонија, каде водејќи го Вардар го печеше тренерскиот занает. – Македонија има поединци како Кирил Лазаров и Филип Миркуловски кои можат да направат разлика, има и темперамент и знаат да одиграа добар и квалитетен ракомет.
Натпреварот во Мец од третата рунда во Б групата се игра во 17:45 часот.
OhridNews