Екипата на Интер има големи проблеми во клубот пред одлучувачкиот дел од сезоната. Најдобриот играчи и стрелец во тимот Мауро Икарди одби да настапи за тимот, откако управата му ја одзеде капитенската лента и му ја додели на голманот Самир Хандановиќ.

Тренерот на Интер, Лусијано Спалети на средбата со новинарите пред дуелот со Рапид Виена во 1/16 финалето во Лигата на Шампиони ја соопшти одлуката на Икарди, кој дефинитивно нема иднина во италијанскиот клуб.

  • Одлуката беше тешка, но требаше да биде во корист на Интер. Ќе играме без Икарди против Рапид. Сакавме да го пријавиме но тој одби да игра и воопшто не допатува во Виена. Икарди очигледно е разочаран од потегот на управата која му ја одзеде капитенската лента. Сега имаме важен натпревар со Рапид, а потоа ќе разговораме сите во клубот за ситуацијата со Икарди. Морам да признам малку сум загрижен околу новиот договор на Икарди, но односите со играчите се многу важни. – изјави Спалети.

Икарди во редовите на „нероазурите“ се пресели од Сампдорија во 2013 година, а капитенската лента ја носи од 2015/1016 сезоната. Аргентинецот не е во најдобра форма сезонава и со девет голови не е ниту во ТОП 5 стрелци во италијанската Серија А.

OhridNews

Хандановиќ нов капитен, Икарди пред излезни врати од Интер