Со триумф на Интер против Милан (3-2) заврши градското дерби кое синоќа во рамките од 28-та рунда во италијанската Серија А се одигра на „Сан Сиро“. „Нероазурите“ со вчерашната победа ја комплетираа доминацијата за оваа сезона, бидејќи претходното дерби го добија со 1-0.

  • Мислам дека и Милан имаше фантастичен натпревар и Џенаро Гатузо треба да биде горд на своите играчите. Дербито започна со брз погодок, картите се отворија и тогаш не можеш да предвидиш како ќе се одвива натпреварот. Градот заслужи вакво дерби. – изјави тренерот на Интер, Лусијано Спалети.

Интер со победата над Милан ги залечи раните за елиминацијата од Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа.

  • Кога ќе играте лошо и отпаднете сите ќе ве нападнат. Ние објаснавме што се случи и што треба да поправиме и се гледа дека добро реагиравме. Моравме да се обединиме и да личиме како тим, бидејќи тој секогаш победува. – истакна стратегот на Интер.

„Нероазурите“ го прескокнаа Милан на табелата и направија голем чекор кон пласман во Лигата на Шампиони.

OhridNews

Спектакл во Милано, Интер славеше во дербито (видео)