Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е задоволен од изданието на својот тим кој синоќа го победи Ренџерс со 3:0. Наполи е во серија од 12 победи.

Следниот меч е ветувачки бидејќи да се победи Ливерпул на негов терен е многу тешко. Треба да напаѓаме и да ја контролираме топката. Ако им дадеме време да размислат и да одлучат каде да не пробијат, тогаш ќе им создадеме удобни услови, а тоа не би сакале да го дозволиме. Ќе биде одлично да се оди таму, откако веќе обезбедивме пласман во плејофот. Шоуто е гарантиран, изјави Спалети.

Во А-групата, Наполи е лидер со 15 бодови, Ливерпул има 12, Ајакс 3, Ренџерс е последен без освоен бод.

OhridNews