Спасителите од општинскиот Црвен крст вчера навреме извлекле и спасиле давеник од вода, српски турист кај плажата Потпеш.
Како што информираат од Црвен крст, лицето имало здравствени проблеми и проблеми со пливањето. Навреме било забележано од страна на спасителот на плажата кој го извлекол давеникот од вода.
Укажана му била прва помош, по што лицето се наоѓа во стабилна здравствена состојба.
OhridNews