Секретарот на општина Охрид го повика советникот од ЛДП, Дејан Блажески, кога јавно говори за работата  и функционирањето на локалната самоуправа тоа да го поткрепува со факти и документи.

 

– Нашиот начин на работа со изнесување на факти и аргументи кои ја потврдуваат вистината и со  строго почитување на законските правила и норми,  нека им биде репер како треба да се работи. Очигледно кога советникот Блажески доаѓа на седница на Совет   не се подготвува за истата. И очигледно  при донесувањето на годишната  програма бил само физички присутен  . Јасно е дека не е во тек  со случувањата,  односно не знае дека во програмата  јасно е наведено лизгалиштето кое и во изводот е обележано со зелена боја, изјави секретарот Димитар Спасески на денешната прес конференција .

Тој додаде дека Секторот за ТЛЕР и останатите општински сектори имаат  апсолутно право , да побараат одобрение за поставување урбана опрема.

-Со оглед на тоа што ова лизгалиште уште од првиот ден стои во програмата мене не ми е јасно како еден советник нема информации за тоа што се случува, односно како истото функционира, рече Спасески.

Секретарот уште еднаш ја повика опозицијата да изнесува секогаш вистини потврдени со факти и документи, а не со  лаги и празни зборови.

OhridNews