Службите во општината се подготвени навремено да реагираат доколку се остварат прогнозите за снежно невреме, изјави секретарот на локалната самоуправа Димитар Спасески.

– Следствено на насоките од кризните штабови, службите на општина Охрид и на јавните претпријатија се мобилизирани и подготвени со соодветни возила, работна сила и средства за одмрзнување да реагираме во случај на врнежи од снег и невреме, како што се најавува. – истакна Спасески.

Врнежите од дожд попладнево во охридско преминаа во снежни врнежи. Според најавите на УХМР Македонија, снегот ќе паѓа во текот на вечерта и утре, кога се очекуваат и ниски температури. Според најавите максималната дневна температура во Охрид во петок ќе се спушти до -6 степени Целзиусови.

OhridNews