– Пријавата од стар град ја разгледавме и тоа беше причина да одржиме уште еден координативен состанок со претставниците од СВР- Охрид, УЈП, пазарната инспекција и општинскиот инспекторат. Ќе ги разгледаме забелешките и ќе донесеме соодветни заклучоци, вели секретарот на општина Охрид. Морам да напоменам дека во текот на изминатите неколку викенди беа преземени сериозни активности на терен, при што беше утврдено дека одделни субјекти ги нарушуваат законските прописи во однос на бучавата и од страна на иснпекциските служби беше постапено соглсно овластувањата и се изрекоа пркршочни пријави и казни, вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Спасески потенцира дека годинава во однос на бучавата и непочитувањето на работното време, станува збор за излолирани случаи на угостителски објекти кон кои се преземаат соодветни мерки и санкции.
– Морам да истакнам дека поголемиот број угостители работаат според договореното и верувам дека охриѓани ја забележуваат промената во однос на бучавата. Во однос на почитувањето на работното време дадени се определени сугестии до угостителите, постојано ги разгледуваме барањата или пофалбите на граѓаните и сериозно постапуваме за секој случај, додава Спасески.
Секретарот нагласува дека интерес на локалната самоуправа е догодина и изолираните случаи да се сведат на минимум , со цел да се овозможи пријатен престој за гостите и самите охриѓани да можат мирно да спијат.