-Навистина е иронично СДСМ од Охрид, партијата која за време на нивното владеење, го направи најголемиот пустош во образовнието и другите институции, денес да зборува за долгови, бидејќи тие направија астрономски долгови кои треба да ги плаќа новата Локална самоупрва и граѓаните.-рече на прес конференција секретарот на општина Охрид Димитар Спасески. Тој истакна дека би било добро доколку СДСМ покаже доблест и зборува за долговите во образованието во времето кога нејзини кадри го воделе овој сектор, додавајќи дека обвинувањата изнесени на пресот на СДСМ, одржан претходно денеска, биле во функција на спроведување на партиската директива од централата за постојани и неаргументирани напади на актуелната Локална самоуправа. 

-Нашиот стил на работење е поинаков и се разбира ,граѓаните тоа добро го препознаваат,па затоа ќе изнесеме неколку факти, по кои ќе може по незнам кој пат, да се направи разликата меѓу нас и нив. Дефинитивно тие и ние не сме исти, ниту во начинот на размислување ниту во начинот на донесување одлуки. Среќа е за Охрид што ова раководство предводено од градоначалниккот Никола Бакрачески, речиси секогаш носи поинакви одлуки од оние, кои во иста ситуација ги носеле луѓето од СДСМ. Ве уверувам дека нашите одлуки секогаш се во интерес на граѓаните и за доброто на Охрид- рече Спасески.

Според него како менаџирала со образованието СДСМ најдобро го илустрира пропаѓањето на проектот за поделба на гимназијата „Св. Климент Охридски“ на две образовни институции.

-Не успеаја во својата намера затоа што не знаеја како да го спроведат процесот. Нивната стручност и компетентност не беше на доволно високо ниво за да го спроведат до крај овој комплексен процес. За разлика од нив, ние за период од нецела година, успеавме документациски да ја поткрепиме поделбата на двете улилишта и денес ги имаме гимназијата „Св. Климент Охридски“ и средното економско училиште со медицински паралелки „Св.Кирил и Методиј“. Постапката е реализирана според законските прописи и со согасност добиена од Владата на Република Македонија Во новоотвореното средно стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ извршена е поделба на наставничкиот кадар, ангажирани се дополнителни лица кои што се неопходни за образовниот процес и именуван е в.д директор , кој одлично се справува со процесот на конститурање на новото училиште.-рече Спасески.

Тој објасни дека избрани се членови на училишниот одбор и создадени се услови за непречено и квалитетно одвивање на наставно- образовниот процес, а на СДСМ му порача да не се грижат за доекипирањето на училиштето со секретар, педагог и психолог. Истакна дека градоначалникот и Локалната самоуправа имаат доставено барање за пополнување на овие работни места и дека во најскоро време се очекува позитивен одговор од Министерството за финансии и Министерството за обрзование. Рече дека доколку Министерството оцени дека нема финансиски средства и за педагог и за психолог, доволно било засега да се ангажира еден од двата профили.

-Кога СДСМ зборува за долгови во образованието, ние сакаме да ги споредиме бројките и фактите, но очигледно е дека тие бегаат од директно соочување со вистината. Јавноста знае дека мандатот го презедевме со енормен долг во образовните институции. Во основните училишта вкупниот долг беше 44 милиони и 187 илјади денари, во средните училишта мандатот го презедовме со долг од 33 милиони и 183 илјади денари или вкупно образовните институции должеа 77 милиони и 371 илјади денари. Во моментот на примопредавањето, немаа храброст да ни соопштат колкави се долговите во образовните институции. Ни требаа неколку месеци тешка работа за точно да ги пресметаме сите долгови кои ни ги остави СДСМ- истакна Спасески.

Тој рече дека градоначалникот по преземањето на функцијата до обрзазовните инстутуции во Охрид трансферирал сума поголема од 28 милиони денари за сервисирање на нивните секојдневни потреби, а покрај тоа била извршена реконструкција на ОУ „ Живко Чинго“ во Велгошти, санирана била дограмата во ОУ „Братство и Единство“, а се работело на реконстуркција на покривот на ОУ „Кочо Рацин“, како и на санитарните јазли и дограмата во градинките.

-СДСМ често проблемите ги лоцира во блок- дотациите за образованието. Најодговорно тврдам дека блок- дотациите, според висината на износите се еднакви. Значи износот на блок- дотациите што ги добивал претходниот градоначалник, горе –долу се добиваат и сега. Но, дали знаете каде се прави разликата во распределбата на средствата од блок- дотациите – разликата се прави во домаќинското работење. Градоначалникот Бакрачески по преземањето на функцијата, наметна нови критериуми на домаќинско работење. Донесени се нови протоколи за работа, каде точно се знаат постапките што, како, кога и каде се прави. – додаде Спасески.

Секретарот Спасески упати критика до СДСМ заради не преземање мерки за одблокирање на сметката на ОУ „Григор Прличев’ поради нерешени имотно правни односи, поради што, како што рече, износот на долгот од 8,3 пораснал на 12 милиони денари. Тој истакна дека локалната самоуправа работи на решавање на проблемот, истакнувајќи дека училиштата генерирале долгови делумно и поради неплански ангажман на лица по разни осносви најчесто во период на избори. Спасески уште додаде дека долгот на општината заедно со тој на јавните претпријатија, кој актуелната градска власт го наследила од претходната, изнесува 54 милиони евра.

OhridNews

Реакции по обвинувањата на СДСМ за состојбата во образованието во општината

СДСМ: Во Охрид воспитно- образовниот систем не функционира нормално