Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, денеска се воздржа од коментар за случајот со раководителот Секторот за јавни дејности во охридската локална самоуправа, кој деновиве во вербална расправија кон него упатив закани и навреди.

Симоноски вчера беше приведен во полиција, каде минал повеќе часа, по што бил изведен пред истражен судија. Откако дал исказ, бил ослободен. Тој во  телефонски разговор ни изјави дека се работи за монтиран случај, поради пријавата која тој ја поднел до секретарот на општината за мобинг.

-Уште во мај месец порарав да престане притисокот, имам и документи за тоа, меѓутоа не престана. Пред два дена јас го пријавив во полиција, му поднесов кривична пријава за психичко и физичко малтретирање и за злоупотреба на службена положба. Симптоматично е што полицијата воопшто не изреагира воопшто за таа работа, бидејќи јас сум висок државен службеник, раководител на сектор и на тоа измонтираа случај кој е познат, ме собраа по влечки, гаќи и маица, ме држеа 10 часа во полиција, пред истражен судија и сабајле ме пуштија дома.-изјави Симоноски.

СВР Охрид, денеска поднесе кривична пријава против Гоце Симоноски поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“. Како што соопшти полицијата, на 29-ти овој месец во просториите на општината во присуство на уште еден вработен, пријавениот започнал вербална расправија со секретарот во локалната самоуправа упатувајќи му повеќе закани и груби навредливи зборови. Како што се наведува во пријавата, причина за вербалниот конфликт, било незадоволството кај Симоноски од добиената негативна оценка за неговата работа, од страна на секретарот на општината како претпоставен.