На барање на Локалната самоуправа и градоначалникот Константин Георгиески, Црвен крст Охрид ангажира тим на спасители на вода на охридските плажи кои годинава по долг временски период се слободни за сите посетители и уредени од Општина Охрид, информира прес слубата на локалната самоуправа. .
Спасителите почнувајќи од 13 јули годинава секојдневно вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на копно, на капалишта на Охридското Езеро . Секој ден во периодот од 11 до 19 ч. спасители на вода патролираат на потегот од плажа Горица 3, плажа Славија, плажа „Акапулко“, плажа Лагадин , плажа „Корали“ и интервенираат во случај на потреба. – се вели во соопштението.

Црвен крст Охрид свои спасители на вода има поставено и на плажата кај манастирскиот комплекс Св. Наум, на плажата кај АК Љубаништа, на плажите: Градиште 1 и 2, Оревче, Десарет, Метропол- Белви, „Инекс, „ Голден“ и на базенот во СРЦ „Билјанини извори“. – велат од локалната самоуправа.

OhridNews













