Дополнителниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денска од полициската станица од Матејче порача да не се создава непотребна паника демантирајќи ги написите во одредени медиуми дека во кумановско имало полиција поради наводно присуство на вооружени групи од Косово

„Синоќа немаше акција, имавме зголелемо присуство на овој терен во светло на кризата што ја имаме и а кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор, овој регион зашто е северен дел од границата, имаме често илегални преминувања, знаете дека имавме влез на мигранти и претходно преку оваа граница“, рече Спасовски.

Претходно ноќта кон саботата на повеќе локации беше спроведена полициската операци во областите на Липковско и скопското село Арачиново.

Откако МВР ги демантираше првичните информации на одредени медиуми дека полициската акција која траеше повеќе од два часа била поради вооружена група на македонска територија која се префрлила од Косово, неофицијалните информации се дека на теренот се вршело проверка на повеќе локации во селата во граничниот појас и во неколку други села, поради мигрантската криза.

Медиумите денеска, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, пренесуваат дека биле спроведувани контроли во реонот на селата Слупчане, Матејче и Арачиново, каде имало засилени полициски контроли и проверка на неколку локации и претрес на теренот и на неколку напуштени објекти по должина на граничната линија која е прогласена за кризно подрачје, како и дека се приведени неколку лица кои криумчареле бегалци. Според други сознанија, не е приведено ниедно лице.

OhridNews
Извор:„Макфакс“