Оливер Спасовски ја донесе првата одлука како министер за внатрешни работи. Тој синоќа со телеграма ги известил сите раководни лица дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР до денот на изборот на новите членови на владата, објавија националните медиуми.
-Како министер за внатрешни работи избран со Одлуката за избор на членови на Владата на РМ, врз основа на законските овластувања, информирам дека сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи кои раководеле со МВР до денот на донесувањето на наведената одлука за избор на членови на Владата на Република Македонија, престануваат да важат, пишува во известувањето.
OhridNews