
На тоа реагирало обезбедувањето на обејктот кое повикало полиција, а истражителот бил приведен по наредба на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство во Скопје.
Подоцна тој со интервенција на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше ослободен.
Во друг случај, исто така истражител на СЈО, бил избркан од просториите на УБК каде бил на дежурство да ја чува опремата која е предмет на истрага. МВР Најави дека ќе ангажира свои служби да ја чуваат опремата до доаѓање на експерт од „Ериксон“ кој на барање на СЈО треба да обезбеди стручни нформации кои треба да помогнат во расветлување на случајот „Пуч“ и незаконското прислушкување разговори во земјата.
OhridNews
Обновено: Еден истражител на СЈО избркан од УБК, а друг приведен











