Не треба да имаме брза истрага, туку напротив, треба да имаме квалитетна истрага, вели во интервју за Радио слободна Европа министерот за внатрешни работи,Оливер Спасовски одговарајќи на прашања поврзани со аферата за личните карти.

-Истрагата треба да покаже кој тоа го направил, зошто го направил, дали го направил по нечија наредба, за што биле употребени овие фалсификувани лични карти итн., бидејќи самото фалсификување на лични карти, патни исправи или какви било други документации е недозволиво. Токму во таа смисла мислам дека пребрзана е реакцијата во овој момент кога се води истрагата да соопштуваме детали коишто не смееме да ги соопштуваме врз основа на закон. Кај нас е пријавено дека постојат сомненија за фалсификување лични карти, потврдено е дека тие се фалсификат, истрагата ја води Јавното обвинителство, доставени се сите потребни барања од страна на јавниот обвинител за да се обезбедат сите можни податоци и информации во однос на оваа афера со фалсификувани лични карти , вели министерот Спасовски.

Додава дека МВР и одделот за организиран криминал интензивно работи на расчистување на целиот случај и дека тогаш кога јавниот обвинител ќе процени дека треба на јавноста да и ги соопшти деталите, да излезе со извештај за тоа што е пронајдено, тоа ќе биде информацијата којашто ќе биде веројатно споделена со сите.

Потенцира дека, станува збор за сериозна афера, којашто мора сериозно да биде истражена заради угледот и на Македонија и на МВР.

OhridNews

извор РСЕ