Новиот Министер за внатрешни работи, предложен од СДСМ, Оливер Спасовски по телеграмата испратена до вработени во МВР, тврди дека телеграмата не значи дека им престануваат сите надлежности на раководителите на МВР, туку дека тоа е одлука за пренесување на надлежностите.

„Денеска дел од надлежностите ќе бидат вратени на структурите во МВР, така што нормално функционира, нема потреба никој да биде загрижен во министерството, секој што е професионалец, ќе биде ценет, и во тој дух ќе биде мојата натамошна активност, рече Спасовски кој учествуваше на церемонијата за одбележување на 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Спасовски вели дека засега нема кадровски промени во МВР и дека професионализацијата на Министерството е врвен приоритет .

„Не сум размислувал за промени на нови кадри, влезот е да ја видиме состојбата во министерството, да видиме каква е финасиската состојба, какви се човечките ресурси, па прво да ги видам овие работи, а понатаму со јавноста ќе се споделат сите информации. Професионализацијата во МВР е врвен приоритет, таму има многу луѓе кои се професионалци, благодарение на кои функционира Министерството за внатрешни работи и јас сакам апсолутно да продолжам да работам со сите професионалци во министерството“, додаде Спасовски.

Попладнево беше објавена друга телеграма во која се појаснува кои овластувања не им се одземени на раковители од МВР.

OhridNews

Извор:„Макфакс“

Спасовски ги одзеде пренесените овластувања во МВР