Сметам дека ВМРО ДПМНЕ нема веќе легитимитет да се крие зад народот и мора да се соочи со реалноста, мора да сфати дека Македонија ќе ја разреши политичката криза само ако имаме фер и демократски изборен процес и од тоа отстапување нема. Нема отстапување заради граѓаните на Република Македонија и заради нејзината иднина, рече денес Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ и привремен дополнителен министер за внатрешни работи, според договорот од Пржино.
Спасовски изрази задоволство од тоа, како што рече, што сé повеќе граѓани се охрабруваат, сé повеќе граѓание посакуваат да има промени.
„Голем е интересот да има фер и демократски избори коишто ќе се одржат во една атмосфера во којашто ќе се елиминираат сите досегашни притисоци коишто ги има, и граѓаните да можат да носат одлука самостојно, и согласно со сопственото убедување“, заклучи Спасовски.
OhridNews
извор Макфакс