Владата ќе прифати амандмани во Законот за следење на комуникациите кој се наоѓа во собраниска процедура, само доколку тие се издржани и не го уриваат концептот поради кој тој се носи. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со неговиот албански колега Фатмир Џафај во Охрид, на која беше потпишан Меморандум за зајакнување на борбата против тероризмот.

Реформата на системот за следење на комуникациите е историска, бидејќи ги знаете последиците што значи злоупотребата на системот, што посебно ни беше покажано во изминатите 11 години кога масовно се прислушкуваа граѓаните на Република Македонија. Оваа влада и МВР влегоа во реформи со цел да создадеме систем кој што ќе функционира и нема да биде злоупотребуван. За да имаме успешна реформа таа мораше да биде транспарентна и да ги вклучиме сите релевантни фактори што и го направивме, имавме многу разговори и дебати, а вчера заврши јавната расправа во Собранието. Со оглед на тоа што текстот на законот е во фаза на донесување во парламентот, ние сме подготвени да има амандмани, тоа е основа на демокрартијата. Со внимание ќе ги разгледаме сите амамндмани и доколку не претставува рушење на тој кнцепт и на јакненњето на овој реформски процес може да бидат дел од законските решенија. – изјави министерот Спасовски.

Г.М.