По чинот на фрлањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро, спасувачките и медицинските тимови на Црвениот крст извршиле 11 мали интервенции на капачи кои побарале помош.

-Благодарам до сите оние кои ги почитуваа препораките и навремено влегоа во вода и сето тоа резултираше со само 9 мали интервенции. Се работеше за лица кои поради студот веќе не можеа да пливаат, па нашите екипи интерванираа и им помогнаа да излезат од вода. Во медицинските шатори имавме две интервенции кои исто така не беа сериозни, изјави Сашо Точков, претседател на Црвениот крст од Охрид.

За безбедноста на капачите кои скокаа по Светиот крст во Охрид, денеска се грижеа вкупно 8 тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен крст, распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци како и 4 нуркачки тимови. Спасувачките екипи беа засилени и со 8 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со 2 медицински тима на Итната медицинска помош со две амбулантски возила.

OhridNews