Специјализирана подлога за физички активности добија основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Григор Прличев“.
Градоначалникот Кирил Пецаков, денес ја презентираше добиената донација „Ер Трекови“ од компанијата „Ховер крафт адриа“.
Компанијата „Ховер крафт адриа“ свој прозиводствен погон отвори неодмана во Охрид, а доаѓа благодарение на нашите заложби и лобирања за инвестирање во Охрид. Благодарение на коректниот однос на кој наидоа, менаџментот на компанијата донесе одлука за почеток да донира две специјализирани подлоги. Тука сакам да ја изразам мојата благодарност и да порачам и другите компании да го следат нивниот пример. Нашите заложби за привлекување на компании да инвестираат во Охрид, продолжуваат. Тоа го манифестираме преку градење партнерски односи и давање на поддршка во рамки на нашите ингеренции, истакна градоначалникот Пецаков и додаде дека како одговорна Локална самоуправа, постојано се грижиме и вложуваме во образовнието и развојот на децата. Затоа вакви подлоги ќе набавиме и за останатите училишта на територија на Општина Охрид.

Покрај подобрувањето на условите во образовните институции, тука е и поддршката на учениците преку стипендирање во повеќе категории.
OhridNews














