Охридските судии Марјан Ецкоски и Стефче Шулески се делегиран за главни арбитри на дерби средбите од 1/4 финалето во Купот на Македонија, Вардар – Пелистер односно Металург – Шкендија.


Дербито за Македонија, кое ќе биде вистински спектакл откако Фудбалската федерација на Македонија ја тргна забраната за гостински навивачи ќе го суди Марјан Ецкоски. Токму охриѓанецот беше на центарот во Битола, каде Вардар во првиот четвртфинален натпревар победи со минимални 1-0.


Не поминаа ни две седмици откако Шулески беше “главен“ на Железара, кога Шкендија во дерби средбата со Металург славеше со 1-0.  Тој заедно со помошниците Жарко Тодоровски и Лазе Чакарески повторно ќе го водат мечот Металург – Шкендија, но овој пат во четвртфиналето во Купот на Македонија. “Зелените“ по првите деведесет минути имаат негатива од 1-0.


Дербито на “Железара“ се игра во 13 часот додека македонското “Ел класико“ на програмата е во 18 часот.

Мх.П.