Супер атрактивните девојки од светски популарниот музички квартет „Бонд“, синоќа, во рамки на фестивалот „Охридско лето“, одржаа спектакуларен концерт на исполнетиот Антички театар.


Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело), со својата енергија ја воодушевија публиката, која уживаше во настапот на „Бонд“ девојките кои имаат продадено над 5 милиони албуми низ целиот свет. 


На концертот во Охрид тие изведоа композиции од сите нивни досегашни албуми, а на македонската публика и ја посветија темата Александар Велики“ од нивниот прв албум.


„Бонд“ по настапот во Охрид заминуваат на голема турнеја во Кина.

Г.М.
фото: Емилио