По контроверзниот натпревар во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед и Челси одиграа уште еден меч за паметење, но овој пат во Капитал купот.


“Сините“ со головите на Стариџ и Рамирес во дополнителните триесет минути ги совладаа “црвените ѓаволи“ со 5-4 и се пласираа во наредната фаза. Регуларниот тек од мечот заврши без победник 3-3.


Во останатите дуели од Капитал купот, Ливерпул беше шокиран на домашен терен од Свонси, а Норвич го елиминираше Тотенхем.

Мх.П.