Со спектакулерен чин затворени беа 22-те Зимски Олимиписки игри кои се одржаа во рускиот град Сочи. На снежните терени во Сочи продефилираа повеќе од 700 спортисти кои се натпреваруваа во хокеј, лизгање на мраз, скијање, ски скокови и боб санкање.

Олимписките игри во Сочи беа најскапите и најбезбедните игри што некогаш се одржале во светот, а Русија се погрижи да биде запеметана како добар домаќин без сериозни пропусти.

Следните Зимски Олимписки игри се во 2018 година во Кореја, а до тогаш ќе живееме во олимпискиот сон од Сочи.

Најуспешна нација на Олимпијадата е Русија со 33 медали од кои 13 златни, втора на листата е експедицијата на Норвешка со 26 одличија, а третото место го зазема Канада со едно помалку.

Македонија на Олимписките игри имаше три преставници, а еден од нив Антонио Ристевски забележа историски пласман за нашата земја завршувајќи на 29-та позиција во слаломската трка.

 

Мх.П.