Arthur Meauxone, 21-годишен француски спелеолог, останал заробен во пештера во Средно Мексико, 300 метри под површината на земјата откако дошло до рушење на карпите.

Целата експедиција поминала во пештерата два дена отсечена од површината. Спасувачите успеале да извлечат пет луѓе,а несреќниот спелеолог кој го повредил коленото ќе го евакуираат во текот на денот.

Два члена на експедицијата во текот на ноќта се вратиле во пештерата на заробениот спелеолог да му донесат храна и вода и да му прават друштво, додека спасувачката екипа  која мора да ги буши карпите не стигне до него и да го изнесе без нови повреди.

Во 2004 година на спасувачите им требало повеќе од недела дена да извлечат 6 британски истражувачи кои останале затрупани во пештерата. 

Јасминка Т. Момироска