Јавното комунално претпријатие „Охридски Комуналец“ го претстави специјализираното возило „Раба“, кое ќе има капацитет да испразни до 80 контејнери со еден резервоар. Возилото од складиштето на „Галеб“ било репарирано во компанијата „Ресор“ во  Ниш, Србија, каде тоа е надградено со посебен хидрауличен дел за одлагање на отпадот. Вредноста на зафатот е 39.000 евра, додека исто такво ново возило чини околу 130.000 евра.


Од јавното комунално претпријатие се задоволни што возниот парк ќе биде зголемен со мултифункционално возило и најавуваат дека во иднина ќе бидат набавени уште специјализирани возила, [што ќе придонесе за одржување на јавната чистота на  уште повисоко ниво.

OhridNews