По постигнувањето на погокот од Демба Ба за водство 2-0 „Стемфорд Бриџ“ експлодираше од радост, а во елемент беше и менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо, кој од своето место дотрча до местото каде се радуваа играчите.

Веднаш по мечот Мурињо истакна дека тој му давал тактички задачи на фудбалерите и дека воопшто не се радувал за голот.

Неговиот победнички спринт многу потсети на оној на Олд Трафорд кога со екипата на Порто ремизираше со Манчестер Јунајтед 1-1 и обезеди пласман во 1/4 финалето, а подоцна ја покори фудбалска Европа.

Мх.П.