Денеска во 18 часот во галеријата “Акантус” во Скопје ќе биде отворена PopUp продавница на модниот бренд Румор од Охрид.

Инспирација зад есенската привремената продавница во Акантус е глобалната реакција на политичките реакции во многу земји во светот. Како што велат Лејла и Алек, кои што стојат зад брендот, човештвото се враќа чекор наназад, наместо напред. Им се ограничуваат правата на многу малцински заедници, а не ретко и на жените. Како реакција на тоа се јави глобално движење за охрабрување, солидарност и еднаквоста. Овој момент, не помина незабележан и од модниот свет и многу од колекциите за есен 2017 припаѓаат на тој универзум секоја изразена на свој начин. “Ние од Румор сакаме да ја облечеме таа жена, силна, самостојна, солидарна, онаа која храбро чекори и ги води промените” – велат Лејла и Алек од Румор.

Румор се прклучува во ова глобално движење за поддршка на жените. За таа цел специјално за есенската колекција е изработен дукс, а средствата од продажбата на сите парчиња од моделот, ќе бидат наменети за хуманитарни цели за жени кои што имаат потреба од финансиска поддршка.

Секое парче облека на Румор, ја носи етикетата: посебно изработени материјали во Италија, со страст изработени производи во Македонија. Во есенската колекција на Румор може да се најдат здолништа, капути, кошули, рачно плетени џемпери, изработени од квалитетни италијански материјали.

Покрај колекцијата на Румор, во привремената продавница ќе може да се најдат парчиња облека и накит од други познати брендови: Risto, Париз http://risto.com/ , We Are Owls, Њујорк https://weareowls.com/ Monographie, Париз http://www.monographieparis.com/ Uniqlo, Токио https://www.uniqlo.com Sidian,Erstaz&Vanes, Нотингем http://www.sidianersatzvanes.com/ Galeries Lafayettes, Париз https://www.galerieslafayette.com/ , Citizens of Humanity, Лос Анџелес https://www.citizensofhumanity.com/ , Joomi lim, Њујорк https://joomilim.com/.

Привремената продавница ќе биде отворена до 30 септември.

OhridNews