Специјалното јавно обвинителство до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе барање за доставување на предметот познат во јавноста како „Сопот“, соопшти на официјалната веб страна СЈО.

„Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации.“ – се вели во соопштението на СЈО.

OhridNews