Специјалното возило за лицата со посебни потреби, што беше набавено во рамки на акцијата Декември – Месец на отворено срце, со одлука за донација општина Охрид утре ќе го преземе од здружението за грижа на лица со посебни потреби „Зраци“.

Општината возилото ќе го стави во функција на здруженијата кои се грижат за лицата со посебни потреби кои ќе можат да го користат по претходна најава.

Возилото марка „Мерцедес“ е опремено со специјална рампа и содржи потребен простор за превоз на опрема наменета за лица со посебни потреби.

Хуманитарната акција ја иницираше претпријатието за собирање отпад „Отпад“ – Охрид во соработка со јавното комунално претпријатие, а се реализира со голема помош на лајанс клубовите Лихнидос и Десарети, Ротари клубот од Охрид, локалната самоуправа, училиштата во општината, голем број помагатели и хумани граѓани. Кампањата силно ја подржаа и охридските медиуми.

OhridNews