Припадници на специјалните полициски единици со две возила денеска се забележани во непосредна близина на зградата на општина Охрид, во која покрај локалната самоуправа сместени се и повеќе државни институции.


Првично се прошири непотврдена информација дека специјалците и асистираат на финансовата полиција која постапува по предмет во Управата за јавни приходи-подрачна единица Охрид. Во разговор со одговорните во Финансовата полиција во Скопје бевме информирани дека оваа институција не спроведува никаква акција во Охрид. Според извори од Управата за јавни приходи во Охрид се работи за завршен разговор на инспектори на УЈП со сопственик на повеќе правни субјекти по извршена даночна контрола.

Неофицијално, УЈП проверува случај на затајување на данок.


Истрагата е во тек, а надлежните институции и нивните портпароли, засега се воздржуваат од давање изјави.

OhridNews