Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска ќе ги распише локалните избори, кои најверојатно ќе се одржат на 24 март.

Опозицијата деновиве излезе со став дека заедно со локалните, треба да се одржат и парламемтарните избори, како единствен начин за излез од политичката криза, по случувањата од 24-ти декември.

Владејачката ВМРО ДПМНЕ, се очекува да се произнесе по барањата на опозицијата, откако спикерот Вељаноски денеска ќе ги распише изборите.

OhridNews