Спиркоски : Натпреварите ќе бидат регистрирани со 3-0
22.11.09 19:31
Четирите прволигашки клубови кои ги бојкотираа натпреварите од 14 то коло (Македонија ЃП, Слога Ј, Пелистер и Хоризонт Т.) на прес конфернеција одржана на стадионот во Ѓорче Петров побараа поништување на изборот за преседател на Хаџи – Ристески.
– Бараме вчерашното изборно собрание да се поништи и да се организира ново регуларно и согласно Статутот на ФФМ. Исто така, бараме и формирање здруженија на прволигаши и на второлигаши, преку кои тие ќе ги остваруваат своите права и ќе ги организираат натпреварувањата. Сметаме дека Здруженија на прволигаши и на второлигаши треба да имаат право да назначуваат делегати во Собранието на Федерација – се вели во соопштението до медиумите.
Претставниците на Македонија Ѓорче Петров, Хоризонт Турново, Слога Југомагнат и Пелистер се категорични дека нема да играат во Првата лига се додека ФФМ не ги исполни нивните барања, а се надеваат дека ќе добијат поддршка и од Работнички, Вардар и Металург.
Комесарот за натпревари при ФФМ Миле Спирковски вели дека правилата се ригорозни за вакви случаи.
– Екипите кои неоправдано не се појавија на натпреварите ќе ги загубат со службени 3-0, ќе им бидат одземени поени, а ако не се појават и во наредната рунда ќе бидат исклучени од лигата – изјави за Ројтерс, Спиркоски.
Викендов на собранието одржано во Скопје, Хаџи – Ристески беше реизбран за преседател на ФФМ, трет пат во серија.
Петта победа во низа за фудбалерите на Охрид На денешниот натпревар против екипата на Скопје извојуваа победа со резултат 1:0 Стрелец на голот за екипата на Охрид Лихнидос беше Иван Глигоров Натпр...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ синоќа со одлична атмосфера и голема спортска енергија заврши уште едно успешно издание на турнирот во футсал Ohrid FREED 2025 Финалната вечер, која се одржа в...
Одиграно петтото коло од V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“ кое се одржува во просториите на ШК Ласкер Охрид во ООУ Братство Единство Охрид На истото учествуваат 24 шахисти од Охрид и Ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.