Сегашниот фудбалер на Ференцварош, Стефан Спировски, членот на Леванте, Енис Барди и Елиф Елмас кој ги брани боите на Фенербахче се фудбалските лауреати за 2017 година во Македонија.

Спировски кој настапуваше во тимот на Вардар прогласен е за најдобар фудбалер во Македонија. Барди се закити со наградата за најдобар фудбалер во странство, додека Елмас за најдобар младински фудбалер.

За тренер на годината прогласен е Гоце Седлоски кој со скопските „црвено црни“ ја освои титулата во Првата лига и мина две квалификациски рунди во Лигата на Шампиони. За тренер во младински категории избран е Горан Станкоски од тимот на Работнички.

Наградата за фудбалски работник на годината ја доби Илија Матеничаров од Академија Пандев, а Вујадин Станојковиќ и Горан Станиќ заедно со селекции кои ги предводат У19 и У17 ќе добијат посебни признание од ФФМ.

Гала церомонијата на ФФМ ќе се одржи в недела на која ќе бидат доделени признанијата за најдобрите.

OhridNews