Од Министерството за труд и социјална политика велат дека има доволно интерес за користење на ваквите улусги. Оттаму нагласуваат дека нема да има продолжување на рокот за аплицирање, единствено може да се зголеми квотата. Од буџетот се обезбедени средства за 6-7 илјади пензионери, но во зависност од интересот, пари ќе бидат обезбедени и за другите. Услугата ќе може да се користи од март до крајот на ноември, појаснуваат од министерството.
Минатата година Владата обезбеди бесплатна бања за 10.000 пензионери, но на бања заминаа само 8.000. Услугата опфаќа 6 полни пансиони, бањска терапија, задолжителен лекарски преглед, специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита. Државата ги покрива и трошоците за транспорт во висина на автобуски билет од местото на живеење до бањата.