По билатералната средба, ќе следи потпишување на Спогодба за соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Словачка.
Потпишувањето на спогодбата е со цел да се регулираат и да се зацврстат пријателските врски и заемното разбирање меѓу двете земји, како и подобро запознавање на двете култури.
Како што информираат од министерствоото за култура, заменик-министерот Недељковиќ и словачкиот амбасадор Кирнег, по официјалниот дел ќе присуствуваат на Македонско-Словачката поетска вечер.