Споменик на албанскиот писател Пјетр Богдани ноќеска по полноќ бил истоварен во паркот „Жена Борец” и оставен на тревата, јавува ТВ21.

Тој е дел од проектот „Скопје 2014“, но не бил се уште пристигнат од Фиренца.

Од Италија пристигнале и другите два споменици, на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата во 1945 година и поетот Јосиф Багери.

Споменикот на Јосиф Багери викендов ќе биде поставен во близина на новиот Македонски театар, а споменикот на Неџат Аголи ќе биде поставен пред зградата на Телеком.

OhridNews
Извор:„Макфакс“