-Веќе ја имаме подршката од голем број интелектуалци и политички субjекти, па се надеваме и на голем одзив и кај граѓаните, за подршка на оваа иницијатива. Се надеваме дека и советот на Општина Охрид позитивно ќе се изјасни во врска со нашиот предлог.-вели Демир Далип, од иницијативниот одбор за поставуавње на споменикот.
Тој нагласува дека Божицата Изида, нема значење само за египетската заедница во Охрид, туку и за сите граѓани на општината, затоа што на подрачјето на градот, при археолошки ископувања се пронајдени две статуи на оваа Божица.
– Со тоа се потврдува фактот дека предците кои живееле на оваа територија се поклонувале на Божицата Изида, што уште повеќе ја продлабочува и ја зацврснува и така богатата историјата на нашиот град.-вели Далип.
Статутуите на Божицата Изида, кои се наоѓаат во музејот на Робевци, потекнуваат од археолошкиот локалитет, кој се наоѓа во cентарот на градот и се претпоставува дека датираaт од времето кога македонските војски се повлекувале од Египет на просторот на Македонија. Со нивното доаѓање на овие простори, тие со себе донеле и дел од културното наследство и некои верувања од стариот Египет. Така се случило и култот кон божицата Изида, да биде пренесен кај нас.
Изида е божица на плодноста и мајчинството од египетската митологија. На египетски Aset или Eset – таа припаѓа на Енеадата од Хелиополис. Таа е сестра (и жена) на Озирис, Нефтида и Сет, ќерка на Нут (Небото) и Геб (Земјата) како и мајка на детето Хорус. Во иконографијата на обожувањето, таа е претстава за архетип на сопруга и мајка.