Љубителите на филмската уметност вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност премиерно да го погледнат филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ (2014) во режија на Дарко Лунгулов.

 

Филмот кој е од жанрот комедија се раскажува за еден локален бербер во едно српско село кој доаѓа до идеја да се подигне споменик на Мајкл Џексон за да се привлечат туристи од целиот свет. На дел од локалните жители им се допаѓа идејата, а на другите не…
Филмот ќе се прикажува во Охрид и на 11-ти декември.

Проекциите на филмот започнуваат во 20 часот, а влезот е 100 денари.

OhridNews