Бронзениот споменик на „ Свети Наум Охридски- Чудотворец“ , кој свечено ќе биде откриен во недела од ливницата во Белград  пристигна во Охрид. Заедно со него пристигна и гипсената фигура по која беше правен споменикот, која според најавите авторот Томе Серафимовски ќе и ја подари на општина Охрид и најверојатно ќе биде поставена во комплексот Св. Наум.

Споменикот висок 5 метри ќе биде монтиран утре на постаментот кој е поставен  во паркот пред Рибниот ресторан.


Во меѓувреме интензивно се работи на уредување на просторот околу споменикот, а се разубавуваат и парковите.


Изработката на споменикот на Свети Наум Чудотворец чини 160. 000 евра кои  во најголем дел ги обезбеди Министерството за култура, а со сопствени средства партиципираше и локалната самоуправа.

OhridNews