Украсувањето на Охрид за новогодишните празници е најдобро направено до сега, сметаат читателите на Ohridnews.com.

На анкетното прашање дури 81% од нив одговориле дека Охрид е најубаво украсен до сега. 7% сметаат дека бил украсен убаво, а 4% дека украсувањето било просечно. 2% сметаат дека можело и подобро, а 6% дека не било добро.

На анкетното прашање “Како ви се допаѓа украсувањето на Охрид за Нова Година?“ одговориле 312 посетители на www.ohridnews.com