Украинската заменик-министерка за одбрана, Хана Малијар, денеска објави дека руските сили од почетокот на нападот во Украина имаат околу 4.300 жртви.

Таа додаде дека бројката се уште се утврдува.

Малијар на својот фејсбук-профил уште објави дека загубите во техника на руските сили се околу 146 тенкови, 27 авиони и 26 хеликоптери.

Украина отвори веб-страница за загинатите руски војници

14:50 Украина денеска отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина.На страницата „200rf.com“ може да се најдат фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена.

Знам дека многу Руси се загрижени и сакаат да знаат што се случило со нивните синови, браќа, сопрузи, изјави Виктор Андросив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, пренесува Миа.

OhridNews