Според него, 2011 беше една од најтешките за жителите на Охрид, но и останатите граѓани во Македонија.
– Во Македонија имаше неусппех на сите полиња. Мислам дека треба реално да се согледаат проблемимте и да се фатиме во коштец да ги решаваме, бидејќи тие нема сами да се решат. По двегодишниот застој во развојот на Охрид, се надевам дека со влегувањето на општината во втората фаза од процесот на децентрализација, градот конечно ќе тргне напред и ќе продолжи со развојот. Жал ми е што тоа не се случи во 2010 година, туку во последната година од мојот мандат за да нема доволно време да се видат резултатите. Се надевам дека наредниот период помалку влијание ќе има политиката, а повеќе ќе преовладуваат интересите на граѓаните, нагласува Петрески.
Во однос на работењето на советниците, Петрески смета дека во изминатата година, кај дел од нив преовладувале политичките интереси, а не интересите на граѓаните.
– Не сум јас тој што треба да ја цени работата на советот, но не може за советници кои дале заклетва дека ќе работат за интересите на граѓаните, да бидат позначајни интересите и ставот на партијата. Советниците имаа исти партиски ставови и различни аршини за исти работи, а советот не се издвои од политичките интереси што не е добро за Охрид и граѓаните, додава градоначалникот.