Причините за слабиот интерес за изградба на елитни хотели во Охрид не е висината на комуналиите туку, лошата инфраструктура и тоа што Охрид претставува слепо црево. Влијание има и светската економска криза, но и лошите политики на актуелната власт, вели градоначалникот Александар Петрески, како одговор на упатените обвинувања дека комуналиите за изградба на хотели во Охрид се превисоки.

Не е точно дека причината за незаинтересираноста за изградба на нови хотели е висината на комуналиите. Не е точно дека комуналиите се 1500 евра за метар квадратен изградена површина, на таа сума се плаќа 5%, односно околу 70 евра комуналии. За се сакаат да ја обвинуваат локалната самоуправа, но ние секоја владина акција за развој на Охрид ја поддржуваме.И за Плаошник мене ме обвинуваа, сега излезе дека не е проблем општината, туку имале друг проблем, рече Петрески.

Според него, мерки за стимулирање на изградба на хотели треба да се преземаат во места во кои нема хотели.

–  Можам да разберам ако земјиштето по 1 евро се продава и се намалуваат комуналиите во Делчево или Радовиш, каде нема хотели. Но, во Охрид каде  земјиштето е најскапо таа мерка е неразбирлива, освен ако сакаат некој од нив да прави хотел, додаде градоначалникот.

Деновиве  од страна на пратеникот Александар Николоски и заменик- претседателот на владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, беше побарано да се преиспита одлуката на Градоначалникот и Советот на општина Охрид  за определување на висината за комуналии, како што тие рекоја, од 90. 000 денари ( 1500 евра) по метар квадратен изградена површина за хотели. Според нив, со тоа се дестимулира градбата на хотели во Охрид што дирекно влијае на туризмот.

Т.К.