Според Роковникот за извршување на изборни дејствија, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, што ќе трае до 3 јуни во 24:00 часот.

Како што се наведува во роковникот, изборнатата кампања предвидува јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Државната изборна комисија, за учество на изборите на 5 јуни ја потврди само кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери.

OhridNews