
Како што се наведува во извештајот, Република Македонија направи прогрес во четири дејности. Меѓу нив се наведува добивањето градежни дозволи, добивање кредит (кредитни информации) и решавање на несолвентноста. Олеснувањето при добивањето градежни дозволи преку префрлање на процесот на надзор врз приватниот сектор и со рационализирање на постапките. Олеснувањата при регистрирањето на имотот преку намалување на нотарските надоместоци и спроведување временски ограничувања утврдени со Законот за катастар на недвижности. Основањето на приватното кредитно биро кое го подобри информацискиот систем за кредитите, како и законското подобрување на транспарентноста на стечајните постапки.
Дуинг бизнис 2012 година ја препознава Македонија како една од 10-те економии кои направија најголем напредок во создавање подобра регулаторна клима за деловно работење во последните шест години. Со тоа Македонија се искачи на глобалното скалило во олеснување на деловното работење од 81 место во Дуинг бизнис 2006 на 22 место во годинашниот извештај.












