Околу 150 пара детски патики, поголема количина на училишен прибор и детски папучи биле донирани деновиве во ОУ „Христо Узунов“ од страна на бутикот „Модатекс“ од Охрид.
-Упатувам голема благодарност до донаторите и се надевам дека оваа донација ќе биде поттик и за другите фирми да донираат во образовните институции, вели директорот на училиштето Тони Симоновски.
Тој информираше дека донацијата ќе биде поделена на учениците од ранливите категории кои учат во ова училиште.
OhridNews